Секој министер во својата област го анализира Извештајот од Европската комисија, ги вади сите сегменти што се како препораки и врз основа на нив креира предлог за промени и за реформи кои ќе влезат во документ на Владата. Документот е акциски план за реформи, промени, подобрување и решавање на некои слабости посочени од Комисијата, истакна премиерот Никола Груевски.
– Очекувам во наредните 10-тина дена сите овие поединечни предлози на министрите кои произлегуваат од препораките на Комисијата како збирен документ, акциски план да бидат ставени на седница на Влада и да бидат разгледани. Секој од нив ќе добие рок, носител и буџет за да може во наредната година да се спроведат, нагласи Груевски.
Тој подвлече дека Владата изработувала акциски план и во изминатите години по добивањето на извештаите, а така ќе постапува и сега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


