| четврток, 6 декември 2018 |

Како ги мамат девојките за да се борат во Сирија?

burka

Многу девојки веќе наседнале на „прекрасниот“ живот за кој им зборуваат непознати мажи кои ги запознале на интернет. Борците на ИСИС сѐ почесто ги наоѓаат девојките на социјалните мрежи, па така минатата седмица успеале да убедат три тинејџерки од Денвер да ги напуштат своите домови и да тргнат во Сирија.

Девојките кои се на возраст од 15, 16 и 17 години, биле сопрени во Германија и вратени дома, пишува „Си-би-ес њуз“Не е јасно што точно предаторите им ветиле, но експертите веруваат дека ги придобиваат девојките ветувајќи им земја од соништата во која ќе живеат среќно со добри сопрузи.

Исламистите регрутираат сѐ помлади и помлади девојки и за многу кратко време им ветуваат брак. Минатиот месец, една 19-годишна девојка од Колорадо признала дека планирала да се омажи за човек кој го запознала на интернет, а кој се бори од страната на екстремистите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top