Русија од ноќеска трајно ќе помине на зимско сметање на времето после три години постојано летно сметање на времето. Русија исто така ќе врати 11 временски зони, од Камчатка во Пацификот до Калинград на границата со ЕУ.
Бившиот руски претседател Дмитриј Медведев во 2011 ја смени временска зона од 11 на 9. Медведев тогаш одлучи дека во земјава трајно ќе има летно сметање на времето за граѓаните да немаат пореметување во биоритамот. Но за таа одлука русите негодуваа затоа што многу од нив не сакаат да стануваат саат време порано во текот на зимата.
Рускиот претседател Путин во јули потпиша декрет со кој се враќа системот на зимско сметање на времето, но дека така ќе остане и во текот на летото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.