| четврток, 6 декември 2018 |

Нацрт-стратегија за намалување на одливот на високообразовен кадар

odliv na mozociМинистерството за образование и наука направи нацрт-национална стратегија за намалување на одливот на високообразован кадар и за вмрежување и соработка 2013-2020. Документот е поставен на веб-страницата на МОН, а почната е и јавната расправа. Како причини за одливот на македонските мозоци во странство се наведени поголеми плати, подобри услови за работа и подобро организирана средина и можности за напредок во кариерата. Нацрт-стратегијата е конципирана од заклучоците добиени при консултирање на четири групи: студенти во завршни години од студиите, претставници на универзитетите, приватниот сектор и лица кои биле на студии во странство.

– Нема стратегија што на краток рок може да го реши проблемот со платите и затоа се фокусиравме на другите причини: условите, организацијата и напредокот во кариерата. Целта е економски развиена Република Македонија и повисока стапка на вработеност – смета консултантот Глигор Стојков.

За спроведување на стратегијата се предвидени средства во донесената стратегија за иновации, а проектот е поддржан и од УСАИД. Министерот за образование и наука, Панче Кралев, смета дека ова значајно прашање ги загрижува сите и дека секој заинтересиран граѓанин може да се произнесе за нацртот пред документот да биде усвоен од Владата.

– Пакет-мерките во двете стратегии – во оваа и во стратегијата за иновации – треба да овозможат добра основа за намалување на одливот на кадар, но и за помагање на развојот на македонската економија низ мерки и активности што ќе бидат спроведувани во следните години – рече Кралев.

Во нацртот се дефинирани четири приоритети. Првиот е создадавање услови за изградба на национален систем за управување со движењето на високообразовани поединци од земјата и развојно активирање на потенцијалите на интелектуралната емиграција. Вториот приоритет е намалување на одливот со зголемување на атрактивноста на Македонија како место за работа. Третиот приоритет е премин од одлив кон прилив на мозоци преку зголемување на враќањето на интелектуалната емиграција. Четвртиот приоритет е зголемување на интелектуралната размена со странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top