| четврток, 6 декември 2018 |

Стивен Хокинг го објави првиот статус на Фејсбук

Stephen-Hawking-mystery-007_20141025153154
Најпознатиот физичар на денешницата Стивен Хокинг на почетокот на месецот отвори свој Фејсбук профил, а синоќа го објави и својот прв статус, објави „Тајм“.

– Секогаш сум се прашувал во што е тајната на постоењето на вселената. Времето и просторот можат засекогаш да бидат мистерија, но тоа не ме спречи во потрагата. Врските меѓу нас се бесконечни, а сега кога имам можност, ме радува ова патување да го делам со вас. Бидете љубопитни, знам дека јас секогаш ќе бидам. Добредојдовте и ви благодарам што ја посетувате мојата страница, напиша Хокинг во својот прв статус на Фејсбук.

Тој веќе има повеќе од милион лица кои го следат на оваа социјална мрежа.

Инаку, за неколку недели се очекува да биде и премиерата на биографскиот филм за Хокинг со наслов „The Theory of everything“, базиран на мемоарите на неговата прва сопруга Џејн Хокинг „Traveling to Infinity: My Life With Stephen“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top