| четврток, 6 декември 2018 |

Суарез оди на терапија за одвикнување од нагонот за гризење

Group D - Italy vs Uruguay
Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез кој ќе дебитира за Барселона на вечерашната пресметка со Реал Мадрид призна дека оди на терапија за одвикнување од нагонот за гризење. По четиримесечната суспензија поради гризење на Џорџо Кјелини, Суарез конечно ќе дебитира за новиот клуб Барселона.

На Мундијалот во Бразил 27-годишниот напаѓач против Италија го гризна Кјелини, поради што беше суспендиран на четири месеци, а казната му истече ноќеска на полноќ.

За британскиот „Гардијан“ тој призна дека имал проблеми со самоконтролата и нагонот за гризење.

-Тоа е како импулс, како реакција која не можете да ја контролирате. Верувам дека сега сум на вистински пат и имам потполна доверба во луѓето кои ми помагаат да го надминам овој проблем, вели Суарез.

Уругвајскиот фудбалер пред Кјелини, минатата година го гризна и српскиот интернационалец Бранислав Ивановиќ во текот на мечот помеѓу Челзи и Ливерпул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top