Претседателот на САД Барак Обама ги поздрави жителите на Њујорк за нивната мирна реакција по информацијата за прв случај на ебола во градот.
Во неделното обраќање кон нацијата, Обама изјави дека одговорот на случаите на заразени со ебола треба да се базира на фактите, а не на стравот.
Втора недела по ред, американскиот претседател го користи неделното обраќање за да им објасни на Америкаците за начинот на кој САД се справуваат со опасноста од ебола. Со наближувањето на изборите за Конгресот на 4 ноември, еболата се претвори во политичко прашање.
– Треба да бидеме водени од фактите, а не од стравот. Вчера Њујоркчани ни го покажаа правилниот начин. Го направија она што го прават секој ден: влегоа во автобусите, во метрото, лифтовите, излегоа на прошетка во парковите, рече Обама.
Тој уште ги пофали властите во Њујорк за брзата реакција, за изолирањето и почетокот на лекувањето на доктор Крејг Спенсер, хуманитарниот работник, кому во четвртокот му беше дијагностицирана ебола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Америка во шок: Обама за малку избегна атентат со пакет-експлозив
-
Амбасадорите на Обама во Македонија и во околните земји работат на поткопување на суверенитетот на државите
-
Кој е режисерот, сценаристот и актерите против процедурата, волјата на народот и суверенитетот на Република Македонија
-
Обама се враќа