| четврток, 6 декември 2018 |

МВР го потврди инцидентот во Кондово – се пукало во чајџилница, еден со тешки телесни повреди

pukanje500
Mинистерството за внатрешни работ го потврди пукањето во Кондово, во кое учествувале членови на ДУИ. Според нив вчера околу 17 часот било пријавено дека во чајџилница во Кондово дошло до меѓусебна престрелка меѓу четири лица на возраст од 29 до 34 години при што биле испукани повеќе куршуми од огнено оружје.

Четири лица се здобиле со повреди од кои тројца учествувале во престрелката. Еден од повредените случајно се нашол на местото на настанот.Тројца од повредените се пренесени во Ургенетен центар,а кај еден има констатирано тешки телесни повреди. Едниот од повредените е пренесен во градската општа болница Осми септември и кај него се констатирани тешки телесни повреди.

Од МВР велат дека е известен јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следеле соодветни пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top