Џихадистите од Исламска држава утринава отворија огна кон турската граница, северно од сирискиот град Кобане, кого курдските борци жестоко го бранат веќе подолго од еден месец , чекајќи ја поддршката во жива сила од Ирачки Курдистан, пренесоа француските медиуми.
Пристигнувањето во Кобане на илјада сириски бунтовници, што го најави Анкара, се чини, во моментов е преоптимистично, бидејќи лидерите на сириските Курди изјавија дека не е постигната никаква спогодба за тоа прашање.
Курдските борци денеска од рацете на џихадистите ја презеде контролата врз стратешкиот рид во Кобане по жестокиот воздушен напад на американската коалиција врз Исламска држава, соопшти ДПА.
Во нападот на американските авиони загина најмалку 11 џихадисти и четворица курдски борци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Џихадистите со заканувачки постер: Ќе посееме смрт во метрото во Њујорк и…!
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)


