| четврток, 6 декември 2018 |

Русија има намера да ги храни своите вооружени сили

russia_army-apha-120523

Западните земји ќе мора да се навикнат на водечката улога на Русија на европскиот континент, воениот судир меѓу НАТО и Русија нема перпсектива, предупреди во почетокот на октомври уредникот на меѓународното одделение на британското списание Економист, Едвард Лукас, кој е познат по своите остри антируски ставови. Истакнувајќи нешто од тоа, зошто се утврдило дека Русија е пресилна за Западот, во смисла на енергентите и економијата, тој речиси ништо не рече за воениот аспект. А требаше. Состојбата во врска со Украина, ширењето на НАТО кон руските граници и плановите за лоцирање на американскиот систем ПРО во Европа, ја принудуваат Русија да реагира на новиот карактер на воените закани.

Во Русија успешно е тестирана вакуумска муниција која според ефикасноста може да се мери со атомска бомба. Таа истовремено не ја загадува човечката околина со нуклеарен отпад и не крши ниту еден меѓународен договор. Пред тоа статусот за најмоќно неатомско оружје и припаѓаше на американската детонација на бомбата Massive Ordnance Air Blast, која новинарите ја крстија како мајка на сите бомби. Русија за возврат своето оружје го нарече татко на сите бомби. Бидејќи е направена со користење на нанотехнологија, таа е 4 пати посилна од американската. Нејзината маса е помала, но според површината која ја погодува е помоќна од мајката 20 пати.

Истовремено со испитувањето на ова супер оружје Русија изрази цврста намера повторно да стане најголема поморска супер сила. Усвоена е програма за носачи на авиони со која се предвидува одржување во борбена подготовност на носачот на авиони Адмирал Кузњецов, како и изградба на нови за основање на група на носачи на авиони на Северниот и Далечниот исток.

Во Русија почна изградба на нови бази за надводни и подводни бродови, вклучувајќи ги и атомските подморници според проектот 955 од класата Бореј. – Се утврди дека руската мечка знае да плива – гласи насловот на неодамнешниот број на американското списание The National Interest. Авторот на материјалот загрижено соопштува на читателите дека најновата руска АП класа Бореј, наоѓајќи се во Баренцовото море или во Охотско море, можат да погодат било која точка на континенталните единици на САД. Освен АП класата Бореј од кои првите веќе во 2014 година обезбедија нуклеарен паритет со САД, руските фабрики подготвуваат речиси невидливи и нечујни подморници Атлант.

Подводната ракета Шквал-Е благодарение на гасната обвивка и специјалниот покров развива брзина од над 100 метри во секунда, што е три пати побрза од било која ракета или торпедо. Со нив може да се снабдуваа подморниците и тешките надводни бродови, торпедни моторни чамци па дури и модернизирани рибарски чамци.

Во Русија е направена единствената балистичка ракета Скиф, која може да се наоѓа на морското дно во очекување на противникот. За нејзиното лансирање не треба подморница. Направени се крилести ракети Москит кои летаат над површината на морето и недостапни се за средства за противракетна одбрана на противникот. Имаме радар кој може да ги открие американските авиони направени според технологијата Стелс.

Враќајќи се на Арктикот Русија го обновува производството на мразокршачи. Во Балтичкиот завод во тек е изградба на три единствени атомски подморници. Нивниот депласман на вода ќе изнесува над 33.000 тони, проодност по мраз речиси 3 метри. Првата меѓу нив ќе биде готова до 2017 година. Новите арктички борбени единици на руската флота треба да ги спојат воените и цивилните функции, меѓу другото и испорака на товар, обновување на научно-истражувачки задачи, барање на руда и еколошки мониторинг.

Русија ги засилува своите позиции и на небото. Во вооружувањето е примен зенитно-ракетниот комплекс С-400 кој може да погоди до 12 цели истовремено, вклучувајќи и цели кои летаат со суперсонична брзина. Според тактичко-техничките карактеристики С-400 ги надминува странските аналогии, меѓу другото, американските и француските.

Кон крајот на јуни 2014 година, успешно е тестирана противракета која ќе влезе во состав на зенитниот ракетен систем С-500, руската армија ќе почне да ја добива во 2017 година. Според боевите можности С-500 во значителна мера ќе го надминува системот С-400 Триумф кој веќе стапи во вооружувањето, а исто така и американскиот аналог THAAD. С-500 може да погодува оперативно-технички ракети, ракети од среден дострел, како и да погодува цели во поблиската вселена. Тоа е ефикасен одговор на приближувањето на американскиот систем ПРО до руските граници.

Обновени се тестирањата на чие благодарение радиолокациските станици повеќе не се незаштитени во однос на против радиолокациските ракети – ПРР. Уште неодамна ПРР беа испалени од авион и се движеа по зрачењето на копнените станици, речиси сто процентно погодувајќи ја целта. Сега се појави ефикасна заштита. И додека со производството на ПРР се занимаваат многу земји, САД, Англија, Франција, Германија и Италија, со заштита од нив се занимава само Русија.

Русија го обнови постојаното боево дежурство на стратешката авијација и воздушното патролирање над Северниот леден, Тихиот и Атлантскиот океан, кое еднострано беше прекинато во почетокот на 90-тите години. Во ОКБ Сухој е направен рускиот Стелс од нова генерација со истурени орелски крилја со ефект на невидливост, голема брзина и способност за боево маневрирање.

Во Русија има многу луѓе кои се незадоволни од големите инвестиции во одбраната. Нивните аргументи се: подобро би било тие пари да се искористат за економијата, за социјалната област, има многу работи за кои можат да се искористат.

Тоа е точно, но само на прв поглед. Никој не ја негира точноста на познатата крилатица која гласи дека народ кој не сака да ја храни својата војска, ќе храни туѓа. Русија има намера да ги храни своите вооружени сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top