| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ го осуди нападот на ЛГТБ во „Дамар“

СДСМ најостро го осудува вчерашниот инцидент во Старата скопска чаршија, во кафулето „Дамар“, што се случи на одбележување на двегодишнината од ЛГБТ центарот.

– Бараме итно делување на институциите, на Министерството за внатрешни работи, со цел расчистување на случајот, пронаоѓање и санкционирање на сторителите, се наведува во соопштението од СДСМ.

Партијата потсетува дека ова не е прв инцидент од ваков тип, врз ЛГБТ центарот и оти минатата година беше нападнато нивното седиште. Од СДСМ наведуваат дека никој нема право да ги загрозува слободите и правата на граѓаните и нивните животни определби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top