Пипа Мидлтон, помладата сестра на војвотката од Кембриџ Кетрин, ја откри тајната за сексапилниот задник, кој ги тера повеќето Британки да ѝ завидуваат. Балдската на принцот Вилијам сподели дека за совршена форма на овој дел од телото се потребни 30 минути секојдневни вежби. Тие се поделени во четири групи.
Првата вклучува трчање во место и кревање на коленото колку што може повеќе и допирање со спротивната рака. Вежбата треба да се прави најмалку две минути.
Втората вежба што ја прави Пипа за поцврст задник вклучува стомачни вежби спроти ѕид – меѓу 8 и 12.
Третиот вид вежби се 8-12 клекнувања со раширени раце. И конечно вежбањето завршува со склекови на земја 45-60 секунди.
Овие групи вежби го тонизират моето тело насекаде, се доверува Мидлтон. Таа препорачува овој режим на вежбање да се прави трипати неделно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



