– Ако докторот кој пристигна во Њујорк од Западна Африка има ебола, тогаш Обама треба да се извини пред целиот американски народ и да си поднесе оставка, напишал Доналд Трамп на страница во Twitter.
Повод за оваа изјава е веста за хоспитализиран пациент со симптоми на ебола во Њујорк. Станува збор за 33-годишниот Крег Спенсер, кој се вратил од Гвинеја, каде се борел со вирусот ебола во редовите на организацијата “Доктори без граници”.
– Со недели сум му зборувал на претседателот Обама, да ги забрани летовите од Западна Африка. Тоа е толку едноставно, но тој одби. Целосна некомпетентност, напишал Доналд Трамп.
– Барак Хусеин Обама е многу полош претседател од Џим Картер, додава американскиот бизнис магнат.
Порано Трамп не еднаш е го критикувал претседателот на САД поради неговата политика во врска со ситуацијата околу ширењето на ебола. Милијардерот дури изразил сомневање за менталната состојба на Обама, и напишал:
“Ми се чини дека нешто не е во ред со менталното здравје на претседателот Обама. Зошто не ги запира летовите ? Психо ! ”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.