| четврток, 6 декември 2018 |

Се зголемува бројот на корисници на додатоци за трето и за четврто дете

deca_esen_sonce_1

Бројот на родители што од државата добиваат пари за трето и за четврто дете, се зголемил, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според нивните податоци во 2012 година, додаток за трето дете добивале 11.196 мајки, 15 татковци и еден старател, а во 2013 година ваков додаток земале 13.773 мајки, 20 татковци и двајца старатели. Статистичарите евидентирале и благ пораст на корисниците на додаток за четврто дете.

Преклани ваков додаток земале 840 мајки и и тројца татковци, а лани родителски додаток за четврто дете земале 848 мајки и седум татковци.

Најголем број корисници на родителски додаток за трето дете има во Скопје, Куманово, Тетово и во Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top