Албанците се бесни и грмат на УЕФА со образложение дека на службениот пораз од Србија со 0-3 влијаело српското лоби.
„Одлуката е смешна и цел свет ќе се потсмева со УЕФА. Српското лоби си ја одработи задачата. Ќе се жалиме сигурно на одлуката на УЕФА да го загубиме мечот со службен резултат од 0-3“, објавија новинарите на албанската државна телевизија.
Слично размислуваат и во албанската фудбалска федерација, а најавена е жалба до УЕФА. Деветчлена комисија на евроспката куќа на фудбалот пресуди со драстични казни. Србија го доби службено со 3-0 прекинатиот меч во Белград, но е казнета со три бода и 100 илјади евра, патем и ќе игра два меча дома без публика. Албанија остана без бодови, а фудбалската федерација ќе си ја подиспразни касата за 100 илјади евра. Испадна дека двете федерации и репрезентации не добија ништо, а загубија и бодови и пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



