Во наредните неколку дена, според МЕТЕОПРО, се очекуваат неколку промени на метео параметрите.
Од деновите на викендот, сабота ќе донесе пооблачно и ветровито време. Ќе дува умерен до засилен северен и севоисточен ветер.
Во текот на денот се очекуваат врнежи од дожд, а на планините, особено во северната половина од земјата, снег. Утрото во котлините ќе помине со позитивна вредност на минималната температура и истата ќе биде во границите помеѓу 2°С и 6°С. Во текот на денот ќе биде релативно студено. Максималната температура ќе има вредност околу 8°С во поголем дел од котлините до 11°С на југоисток.
Веќе во недела ќе има подолги сончеви периоди и помалку облаци. Утрото за разлика од саботното ќе биде постудено, а минималната температура низ котлините ќе има вредност околу 0°С. На повисоките места таа ќе се „спушти“ до -3°С. На југот на Повардарие, минималната ќе биде само малку во позитива. Дневната температура во однос на саботната ќе биде во пораст за околу 2°С.
Понеделник, вторник и среда ќе донесат претежно сончево време. Наутро ќе биде студено. Минималната температура во најголем дел од земјата ќе биде под 0°С, но сепак само 2°С до 3°С во негатива. Преку ден температурата ќе биде во пораст, но нема да биде особено топло.Максималната температура овие денови ќе биде во дијапазонот од 9°С до 13°С низ котлините и околу 14°С во југоисточниот крај.
Четврток и петок ќе бидат малку потопли, но и пооблачни во однос на првите три дена од наредната недела. Температурата наутро ќе се „врати“ во позитива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.