Србија ќе го добие прекинатиот меч со Албанија со службен резултат од 3-0, но и ќе остане покуса за три бода, како казна за инцидентот во Белград и дополнително ќе плати 100 илјади евра, со тоа што следните два натпревари на свој терен ќе ги игра без присуство на публика, објави „Новости“.
Повикувајќи се на извори од Нион, каде во тек е состанок на деветчлена комисија, која одлучува за судбината на прекинатиот квалификациски меч, „Новости“ ја објавија одлуката како сигурна и конечна. Албанија го губи мечот, а нивната федерација ќе плати парична казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.