| четврток, 6 декември 2018 |

Студенти од архитектонскиот факултет ќе изработат временска капсула

un-headquarters

По повод одбележувањето на светскиот ден на Обединетите нации, денеска, на 24 октомври, ќе биде одржан настан под наслов „Иднината што ја сакаме во 2030 година“. Претставници од агенциите на Обединетите нации, министерствата, академијата, граѓанското општество и студенти заедно ќе разговараат за иднината што ја сакаат и за Македонија и за светот.

Во официјалниот дел на настанот ќе се обратат:  Луиза Винтон, постојаниот координатор на Обединетите нации, Фатмир Бесими, вицепремиер за европски прашања на Република Македонија, Диме Спасов, министер за труд и социјална политика, Абдилаким Адеми, министер за образование и наука, про-ректорката на Универзитетот во Битола, проф. д-р Јована Тутеска и Владимир Талевски, градоначалникот на Битола.

За време на настанот ќе биде промовирана и временската капсула, изработена од студентите од архитектонскиот факултет, во која сите учесници ќе имаат можност да остават ‘разгледници од иднината’ со својата визија за свет во кој сакаат да живеат во 2030 година. Временската капсула ќе биде запечатена, и отворена на 24 октомври 2030 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top