| четврток, 6 декември 2018 |

Бих е првата земја во светот со новата генерација патни исправи

б

Советот на министри на Босна и Херцеговина денеска донесе правилник за личните документи на граѓаните, што предвидува воведување на нова генерација пасоши со тенка поликарбонска втора страница за личните податоци, соопшти босанскиот сајт Вијести.

Босна и Херцеговина ќе биде првата земја во светот со пасоши, што истовремено исполнуваат четири услови: ласерска персонализација, онлајн проверка на податоците, поликарбонската страница со лични податоци и колор фотографија.

Цената на пасошот, што ќе важи 10 години, ќе изнесува 50 конвертибилни марки (25,59 евра), додека цените на пасошите што ќе се издаваат надвор од БиХ со истиот рок на важност, во регионот и во Европа, просечно ќе чинат 64,80 евра.

Пасошите за деца до 18 години ќе важат пет години и ќе чинат 40 конвертибилни марки, а за деца под три години – 30 марки, со рок на важност со три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top