На изложбата во Париз најинтересната премиера доаѓа од италијанска страна, со концептот на „ламрогини“. Тоа, колку и да не си признаваат босовите, е современа хибридна реплика на легендарниот модел Miura. Станува збор за првиот во историјата на фирмата хибрид со полнење од електричната мрежа – Asterion LPI 910-4.
Тоа е и најмоќниот автомобил откако постои брендот. Lamborghini Asterion се потпира на моќност од 910 КС, во кои влегуваат 5,2-литарски бензински V10 мотор со 610 КС (истиот се користи и за новиот сериски модел Huracan) и 3 електромотори со вкупна моќност од 300 коња. Вртежните се пренесуваат преку 7-брзински DSG менувач. Возилото може да се прифати како италијански одговор на спортскиот хибрид i8 на BMW и на Porsche 918 Spyder.
Забрзувањето од 0 до 100 км / ч се постигнува за 3 секунди, а максималната брзина е 320 км / ч.
До 50 км / ч машината се движи со електричен режим и само со преден погон. Кога таа брзина ќе биде надмината, автомобилот го активира и моторот со внатрешно согорување, при што е вклучен целиот нејзин потенцијал. При движење само на електрична режим, Asterion може да се движи до 125 км / ч и да помине 50 километри. Во хибриден режим супер колата троши едвај 4,2 л на 100 км, а нивото на штетни гасови CO2 e 98 г / км.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.