Премиерот Никола Груевски ја овластил министерката Елизабета Канческа Милевска да склучи договор со фирмата на милијардерот од Индија, Субрата Рој. Во таа наскока веќе е објавена одлука во Службен весник.
-Министерството за култура, Договорот да го склучи со индиската компанија Сахара Индија (Sahara India) за изградба на објект кој ќе го одбележува животот и делото на Мајка Тереза во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. Во договорот да се утврди дека по изградбата на објектот истиот ќе се запише со право на сопственост на Република Македонија, се наведува во одлуката објавена во Службен весник.
Засега е познато дека според маркичката, дозволената висина на објектот е 32 метри, но има планирано и соседни градби.
Субрата Рој минатата година изражи желба да изгрди одбележје на Мајка Тереза во нејзиниот роден град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.