| четврток, 6 декември 2018 |

Рекорден број барања за промена на полот во Чешка

promena-pola

Стручната комисија одговорна за одобрување на промена на полот кај трансексуалните пациенти во Чешка, бележи зголемен број на барања, кој се движи околу бројката 100.

– На почетокот на годинава било одговорено на 87 апликации, а на само една од нив било одговорено негативно.

Од годинашните барања, 37 биле на мажи кои сакале да станат жени, а 50 жени побарале да станат мажи, информираше Штепанка Чехова, портпаролка на Министерството за здравство.

Според ресорното Министерство, Комисијата откако постои разгледала вкупно 148 апликации, од кои само 87 годинава.

Комисијата е формирана во 2012 година, врз основа на Законот за специфични здравствени служби, а претходно тоа го правеа комисии во болниците.

За менување на полот, постојат неколку услови.  Еден од нив е, да се убеди лекарот дека трансексуалецот е способен да живее во обратна родова улога.
Постапката не се врши, ако пациентот е болен од акутна психотичка болест, во кои спаѓа и жизофренијата.

Во Чешка се смета дека живеат меѓу 1.000-1.500 трансексуалци, а
според лекарите, застапеноста на трансексуализмот е 0,1 проценти на 100.000 жители.

Се појавува со комбинација на вродени диспозиции со хормонални разлики во почетокот на бременоста, кога во мозокот се формира центарот за сексуален идентитет. Трансексуализмот не може да се излечи ниту да се смени со воспитување.

Од првата операција во Чешка, направена во 1942 година, кога била извршена трансформација на една жена во маж, вакви операции биле направени врз повеќе од 1.000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top