| четврток, 6 декември 2018 |

Во германското млеко се откриени смртоносни токсини

29milk.600.1
Министерството за животна средина на Германија денеска соопшти дека во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија во голем број селски стопанства во тој германски регион во млекото се откриени токсични материи, т.н. алфатоксини, кои се формираат од микроскопски габи.

Во едно од претпријатија во Хохзауерланд двојно била надмината максималната дозволена граница за содржината на слични материи во млекото, кои придонесуваат за појава на рак. Во моментов се испитува дали инфицираните продукти се отидени во трговската мрежа. Ставена е привремена забрана за снабдување, пренесоа агенциите.

Токсините во млекото беа откриени, исто така, во фармите во градовите Боркен и Весел, но нивната содржина не ја надминува дозволената граница. Властите сметаат дека причина за штетните материи во млекото е пченката со која се храни добитокот, а која е заразена со канцерогени габи. Пченката за Германија е увезена од Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top