Американскиот сенатор Крис Марфи на крајот на својата посета на неколку земји од Западен Балкан, изјави дека го напушта регионот со јасна цел дека ќе се заложи за поголем ангажман на САД во „овој клучен момент за регионот“.
Според Марфи, минатонеделниот инцидент на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија јасно укажува на актуелните предизвици во регионот на Западен Балкан.
Во интервју за програмата на Гласот на Америка на албански јазик, Марфи нагласи дека очекува премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Александар Вучиќ сепак да се сретнат, да се ракуваат и да покажат дека еден инцидент на фудбалските хулигани не може да стои на патот на процесот на помирување во регионот.
– Ова е важен момент… кога ќе се случи инцидент како оној во Белград, политичките лидери и обичните луѓе треба да седнат и да разговараат и споровите да ги решаваат со комуницирање, наместо со провокации и насилство. Затоа симболиката на таа средба е поголема од кога било досега, смета Марфи.
Говорејќи за посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Белград, американскиот сенатор оценува дека таа не им наштетила на односите меѓу Србија и САД. Според него, Путин си заминал од Белград разочаран затоа што се надевал дека Србија ќе го потпише договорот за почеток на изградбата на гасоводот „Јужен поток“, што не се случи.
– Доколку Србија продолжи со реализација на проектот „Јужен поток“ спротивно од правилата на ЕУ, тоа би влијаело и врз нејзините односи со Вашингтон, заклучува Марфи во интервјуто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст