| четврток, 6 декември 2018 |

Крим со забрана за ноќна продажба на алкохол

Парламентот на Крим ја забрани со закон ноќната продажба на алкохол во руската република. Алкохол на мало ќе се продава помеѓу 10.00 и 23.00 часот. Законот ќе стапи на сила 10 дена откако ќе биде официјално изгласан.

alkohol0101

Во април Сергеј Аксонов изјави дека забраната ќе стапи на сила дури од 1 јануари идната година : ” Сега сме во преоден период, затоа ноќе се уште може да се пие. Граѓаните чувствуваат висок патриотски подем, злосторствата се намалија за 2.5 пати, затоа дури не видиме потреба нагло да ја ограничиме употребата на алкохол нека пијат од радост”.

Новиот закон забранува продажба на алкохол и на местата каде што се одржуваат спортски манифестации, во спортските продавници и продавници за детски стоки. Се создава посебен орган кој ќе издава лиценци за трговија на мало со алкохолни пијалаци. Нормативниот акт, сепак не влијае на домашното производство за лична употреба, производи  кои содржат етил алкохол и алкохол увезен за потребите на дипломатските мисии, конзулатите и меѓународните организации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top