
– Надворешно тестирање ќе има. Се разговара за моделот. Државниот испит ќе биде филтер да се провери знаењето на студентите – изјави премиерот Никола Груевски кој денеска присуствуваше на промоцијата на нови преведени стручни наслови.
Премиерот очекува да се промени ваквата слика во образованието.
– Нешто мора да се промени, затоа што имаме факултети, па и цели универзитети каде проодноста на студентите е без знаење или без доволно знаење, каде што се ставаат деветки и десетки на секој, независно кој колку научил. Тоа е нездраво за едно општество. Тоа е правење штета на самите студенти. Тие стануваат, на некој начин, инвалиди во своето знаење. Добиваат диплома без знаење и понатаму не можат да просперираат, каде и да одат да работат. Можеби првиот впечаток дека имаат диплома ќе им помогне, но веднаш потоа ќе наидат на пречки – изјави Груевски.
Владата, нагласи тој, чувствува одговорност да се промени таквата состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


