Во близина на Стопанска банка – Битола пред малку се случи тешка сообраќајна несреќа во која беше удрен пешак на возраст од околу 65 години. Во пешакот во близина на пешачки премин удри грчки државјанин со патничко моторно возило марка „мерцедес“, пишува Битолски весник.
Пешакот веднаш беше транспортиран во Клиничката болница, а полицијата сѐ уште врши увид на местото на несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.