| четврток, 6 декември 2018 |

Девет сообраќајки во едно деноноќие во Скопје – еден тешкоповреден

soobracajka-4

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција е извршен увид на вкупно девет сообраќајни незгоди од кои во една потешки повреди добил пешак, во шест полесно се повредени двајца возачи, двајца сопатници, еден пешак, еден велосипедист и еден возач на мопед, а две се само со материјална штета. 

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е и една незгода со мала материјална штета во којашто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода. 

Во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција се откриени и санкционирани тројца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, двајца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 17 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 10 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, како и седум возачи кои не ги почитувале светлосно-сообраќајните знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „Пајак“ од страна на сообраќајната полиција се отстранети 64 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Гоце Делчев“ во населено место Горно Лисиче и во Подрачното училиште во населено место Долно Лисиче.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постојната сообраќајна регулатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top