| четврток, 6 декември 2018 |

Тие ја преживеаја опсадата на Кобане: Џихадистите на ИСИЛ не сејат страв, туку ужас! (видео)

Припадниците на Исламската држава во Ирак и Левант се полоши од животни, им посведочија на новинарите на „Раша тудеј“ активист и новинар Базран Халил и неговата сопруга Рејшан, кои ја преживеаја опсадата на сирискиот град Кобане.

-Под опсада беше човек со Даунов синдром. не можеше да сфати што се слулува, не можеше да побегне. Кога ИСИЛ стигна, му ја отсекоа главата и се фотографираа крај него, а потоа ја поделија фотографијата на социјалните мрежи и рекоа дека убиле атеист, раскажува Халил.

Тој вели дека џихадистите користат хемиско оружје и тоа го докажува со фотографии од мртовечницата од Кобане. Фотографирал тела со огромни изгореници и вели дека тоа е од белиот фосфор. Белиот фосфор кој спаѓа во забрането хемиско оружје убива во момент и доколку падне на сосема мала површина на кожата продира во телото и луѓето буквално согоруваат одвантре.

Неговата сопруга Рејшан вели дека џихадистите не сеат страв, туку ужас.

-Ако пушите ви ги сечат прстите. Конзумирањето на алкохол се казнува со затвор. А ако видат жена во друштво на маж со кој не е во роднинска врска ја каменуваат до смрт., раскажува таа и опиша како ИСИЛ ги тренира новите борци.

-Во мај деветгодишни момчиња отидоа на преглед во Алепо. Џихадистите сите ги грабнаа, ги затворија во џамијата и ги натераа да го учат нивното право. Оние кои не го учеа доволно брзо Куранот ги мачеа со електо шокови. Ниту ѕвер тоа не би го направил, раскажува шокираната жена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top