Александар Лукашенко, претседателот на Балорусија изјави дека поранешниот украински претседател Виктор Јанукович преку своите соработници ја финансирал екстремистичката организација Десен сектор“.
-Му велев да не го прави тоа и којзнае што ќе излезе од сето тоа, вели Лукашенко.
Јанукович наводно тоа го правел поради борбата против Јулија Тимошенко. Ги премина сите граници, вели Лукашенко, пренесува агенцијата РИА Новости.
Виктор Јанукович беше симнат од власта во текот на немирите на Евромајдан и пребега на територијата на Русија, во градот Ростов на Дон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.