| четврток, 6 декември 2018 |

Четврток е неработен ден за сите граѓани

Денот на Македонската револуционерна борба, 23-ти октомври, четврток, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Празникот се празнува од 2007 година кога беше донесен новиот закон за државни празници.

Овој ден се празнува по повод формирањето на македонската револуционерна организација. На 23-ти октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основале група која ја нарекле Македонски револуционерен комитет која се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање современа самостојна македонска држава.

Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и на националностите кои живееле на оваа територија за формирање независна држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top