За сите љубители на пивото, но и за тие што, можеби, не се, двајца Италијанци направија крем од пиво. Овој производ постои на пазарот веќе некое време, но од неодамна го привлече вниманието на широката јавност. Кремот има структура како желатин, а се прави од светло или од темно пиво со интензивен вкус, кое сочинува 40 проценти од кремот.
– Не е првпат некој во Италија или Европа да се обиде да направи пиво во „цврста состојба“, ама досегашните експерименти не биле успешни затоа што комбинацијата на состојките никогаш не била оптимална. Ние веруваме дека ја пронајдовме – вели еден од изумителите.
Кремот од пиво добро оди со риба, морски плодови, сирење и салата. Цената на тегла од 280 грама е околу седум евра. Овој крем не содржи алкохол и можат да го јадат и деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.