Прво мора да се снабдите со тиква. Прашајте го продавачот дали тиквата што сакате да ја купите е за печење или за варење, разликата е во тоа колку е сочна, односно сува, а и семките се разликуваат.
Тиквата преполовете ја и издлабете го мекиот дел во кој се наоѓаат семките. Одвојте ги и ставете ги во цедалка, добро измијте ги со млаз топла вода. Исцедете ги, а потоа ставете ги на хартија да ја впие цела течност од нив.
Додека се сушат, раширете ги за да не се залепат, а потоа ставете ги во плех претходно намачкан со масло, а и самите семки можете да ги попрскате со малку маслиново масло. Потоа посолете ги и печете ги околу 20 минути на најјак оган, сѐ додека не заруменат.
P
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.