Неонацистички избор на убавица во Русија, кој веќе го доби прекарот „Мис на Хитлер 2014“ се појави на социјалната мрежа „В контакти“ и предизвика бура во тамошната јавност. Убави Русинки на кои им е заедничка омразата кон Евреите и обожавањето на Адолф Хитлер, се натпреваруваат во самофотографирање за титулата мис на Хитлер. Најмалку 14 девојки од Русија и од Источна Европа учествуваат во овој бизарен натпревар, а услов за натпреварот е фотографија со нацистичка тема.
Некои од нив се фотографирале во униформа од Третиот рајх, додека некои ја имаат имитирано Ева Браун.
Победничка ќе биде таа девојка што ќе добие најмногу „допаѓања“.
Официјалното име на конкурсот бил „Мис Остланд“. Остланд е територија во Источна Европа што ја имаат окупирано нацистите и каде што настрадале повеќе од еден милион Евреи.
Наградите за победничката ќе биде парчиња накит со симболи од античката германска азбука, а наградата за втората придружничка ќе биде кукаст крст.
Учесниките под своите фотографии објавуваат и статуси дека го обожаваат Хитлер, а особено вознемирувачка е поддршката на девојките во врска со експериментите над луѓето што ги вршеле нацистите на чело со озогласениот доктр Менгеле.
Овој натпревар е исполнет со осуда, бес и згрозување на друштвените мрежи, каде што доминираат коментари дека антисемитизмот полека се враќа на глобално ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст