Бензинот поевтинува за 3 денари, дизелот за 1,5 денари по литар. Регултоната комисија за енергетика ги утврди новите цени на горивата.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,00 денари по литар и ќе се точи за 74,00 денари.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,50 денари и литар од поноќ ќе се продава за 76,00 денари.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 деари и ќе изнесува 63,00 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за два денари и ќе се продава по 51,5 денари за литар.
Поевтинува и мазутот и тоа за 2,86 денари по килограм, со што новата цена изнесув 35,892 денари
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 87,788 $/барел и е за 6,87 % пониска од просечната цена на сурова нафта (94,268 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 48,6944 ден/$ и е за 0,67% повисок од курсот на доларот (48,3681 ден/$) по кој беа формирани цените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.