| четврток, 6 декември 2018 |

Српскиот премиер Вучиќ доживеал сообраќајка со службениот автомобил

Српскиот премиер Александар Вучиќ дожвиеал сообраќајна несреќа, откако во неговиот службен втомобил, удрило друго службено возило на српската Влада.

Како што јавува српски „Блиц“, до несреќата дошло во самата колона која обезбедувана од специјалната воена единица „Кобра“ се движела низ Белград.

Тогаш од една споредна уличка излетало друго возило на српската Влада модел „шкода супер Б“ и удрило во автомобилот во кој Вучиќ седел на задното седиште. Српската војска веднаш го затворила целиот периметар околу местото.

Веднаш била земена крв за алко анализа, а со возачот на службениот автомобил на српската влада кој со 50 километри на час удрил во автомобилот на Вучиќ извршен е и разговор.

Според првичните информации, утврдено е дека немало намера да му се наштети на премиерот кој не е повреден.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top