| четврток, 6 декември 2018 |

„Вечерње новости“: Брисел лут поради парадата и Путин?

Не е исклучена можноста по посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Србија, во Белград повторно да пристигне нота од Брисел за очекувањата на Европската унија, пишува весникот „Вечерње новости“.

– Брисел по посетата на Путин на Белград ќе го зајакне притисокот врз Србија, со цел да не дојде до зголемување на српскиот извоз за Русија. Затоа не е исклулчена можноста следните денови на адреса на српските власти повторно да стигне бриселска нота, со која нашите функционери уште еднаш ќе бидат потсетени на очекувањата на ЕУ, изјавија дипломатски извори за весникот.

Официјалните изјави од ЕУ по посетата на Путин беа мошне благи, но неформални дипломатски канали веќе испратиле порака дека предупредувањето на Брисел би можело да добие поостар тон, во вид на демарш, во кој изрично ќе се бара Србија да не го прекршува ембаргото, кое европските земји го воведоа кон Русија, пишува „Вечерње новости“.

Првата опомена Србија веќе ја доби во август, кога на премиерот Александар Вучиќ во Обреновац му беше врачен т.н. ед мемоар со инструкции за извоз во Русија.

Според информациите, до кои дошол весникот, „црвената сијаличка“ во врвот на ЕУ ја запалила изјавата на Путин дека за српското стопанство е поволен момент да добие подобро место на рускиот пазар. Тој изјави дека српскиот земјоделски сектор во моментов во Русија извезува стока вредна околу 150 милиони долари, но оти вредноста мошне брзо може да достигне 500 милиони.

Весникот додава дека Брисел од друга страна е задоволен со тоа што Вучиќ во присуство на Путин уште еднаш потврдил дека Србија останува на европскиот пат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top