
Со мало задоцнување поради маглата, слета авионот од Турција со 235 аџии.
Тие ги минаа сите контроли кои годинава се поригорозни поради смртоносната ебола. Од мерење на температурата до епидемиолошка анкета за евентулани контакти со заболени. Сите добија решение за здравствен надзор со кој се обврзани во период од 7 дена секој ден да се јавуваат во цетрите за јавно здравје во градот каде живеат.
Денеска треба да слета уште еден авион со аџии. Претхнодно по сувоземен пат, на Деве Баир поминаа 542 патници кои се враќаат од Мека. И во автобусите и во авионите со нив патува и лекар кој ја следи нивната здравствена состојба и за било какви промени ги известува службите во Скопје. Покрај ебола истите ги проверуваат и за маларија, колера и МЕРС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


