| четврток, 6 декември 2018 |

Jанакиески се сретна со претставници на МАКАМ-ТРАНС

mile-janakieski

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска на средба со претставници на транспортните компании прифатил дел од нивните барања за намалување на времето на забрана за движење на тешки товарни возила на патот од Гостивар до Охрид во периодот од 1 јули до 1 септември во тековната година, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Претставниците на Асоцијацијата на здруженија на работодавачите на превозните трговски друштва на Република Македонија „МАКАМ–ТРАНС“ на средбата ги изнеле своите видувања, ставови и барања за прашања од транспортната политика.

Во пресрет на распределбата на ЦЕМТ дозволи за следната година, што ќе се одржи во ноември, Јанакиески нагласил дека за возила со еуро 6 категорија ќе бидат распределени 204 годишни ЦЕМТ дозволи и 1.220 годишни ЦЕМТ дозволи за еуро 5 категорија. Заклучно со минатиот месец во базата на Министерството се евидентирани 2.328 возила со еуро 5 категорија и 254 возила со еуро 6 категорија.

На средбата, според соопштението, се потенцирани преземените мерки за подобрување на состојбата во транспортот како што е воспоставување „Зелена лента“ за побрз проток на стока, опасни материи и празни камиони на граничните премини на Табановце и Богданци во период од 21 часот до 01 часот. Станало збор и за намалувањето на трошоците на возачите со воведување еден здравствен преглед. Се врши спојување на лекарското уверение и систематскиот преглед, односно еднаш издадено лекарско уверение ќе важи за повеќе намени во повеќе институции.

Тема на разговор биле и измените во Законот за превоз на патниот сообраќај за контрола на странски превозници кои вршат превоз на територија на нашата држава за поседување соодветна дозвола при вршење превоз, како и изработка на интерна процедура за изедначено постапување на инспекторите при УЈП при вршење на надворешна контрола во превозни трговски друштва, соопшти Министерството за транспорт и врски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top