| четврток, 6 декември 2018 |

Со владината кампања „Здравјето е избор“ ќе се подигнува свеста за здрав живот

grujo

Според премиерот Никола Груевски, преку оваа кампања Владата сака да ја подигне свеста кај луѓето на повисоко ниво.

– Во Македонија има доволен избор на здрава храна која му е потребна на организмот, а може и да се спортува без поголеми трошоци – истакна Груевски.

Тој напомена дека е голема важноста за внес на овошје и зеленчук, кое штити од прерана смрт и тешки болести. Груевски додаде дека целозрнестите житарки, како што се пченка, пченица, придонесуваат за поквалитетен и подолг живот.

Протеините, исто така, се значајна група во исхраната, а како најдобар избор, премиерот ги посочи рибата и пилешкото месо.

Консумацијата на сол во текот на денот за возрасните луѓе не треба да биде повеќе од шест грама, а кај децата и помалку бидејќи, според анализите, солта го покачува крвниот притисок.

Дебелината, премиерот Груевски, ја посочи како глобален проблем кој е присутен и во Македонија. Лошата исхрана и недоволната физичка активност придонесуваат за зголемена или прекумерна телесна тежина.

– Во Македонија 60,5 отсто од мажите и 47, 8 отсто од жените над 20 години, односно 52,8 од вкупното население, имаат зголемена телесна тежина, а околу 20 отсто имаат прекумерна телесна тежина. Овој проблем се јавува и кај децата, а главен причинител за тоа е употребата на брза храна – додаде Груевски.

Тој порача дека треба да се практикува редовна физичка активност за подобрување на здравствениот и на имунолошкиот систем.

– Една четвртина од храната треба да бидат здрави протеини, една четвртина целозрнести житарки, а дневно треба да се консумираат и по пет различни овошја или зеленчук, не вклучувајќи го компирот – истакна Груевски.

Физичката активност, според премиерот, е клучна во концептот на здрава наспроти нездрава храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top