Американските ИТ компании им плаќаат на своите вработени, трошоци за замрзнување на јајце клетки така што им овозможуваат да го одложат планирањето на семејство, пишува Наоми Конрад од „Дојче веле“.
На прв поглед идејата делува логична, дури и елегантна, доколку жена остане бремена, која што е високо квалификувана, а компанијата многу вложила во неа. Кога детето ќе дојде на свет, почнува трката помеѓу родителството и прекувременото работно време, службените патувања и коктел забавите на кои се разменуваат идеји и визит карти. Кариерата се прекинува, можеби не засекогаш, но во секој случај се успорува. Компанијата не е во ситуација во потполност да го искористи потенцијалот на својата вработена.
Затоа американските компании сакаат да им помогнат на младите, на високо квалификуваните жени наместо кариерата да ја „замрзнат“ желбата за потомоство. Прв во тој чекор е „Фејсбук“, а „Епл“ ќе им се придружи следната година. Судејќи по извештаите на Ен Би Си, тие две компании ги превземаат трошоците на вработените за замрзнување на јајце клетки. Жената може да остане бремена и подоцна, а не во моментот кога нејзината кариера видно напредува. Во средината на триесетите плодноста кај жената значително опаѓа, но доколку и се замрзнат јајце клетките во помладите години, може и подоцна да се реши на тој чекор.
Дали е тоа навистина добар план? Службените патувања, прекувременото работно време, вечерните состаноци, зарем тоа нема да се случува и подоцна? Зарем замрзнувањето на јајце клетките не се „замрзнува“ и одложува проблемот? Зарем не би требало тоа веднаш и принципиелно да се реши и да се одговори на прашањето како жените да ги спојат децата и кариерата?
Инаку, Епл и Фејсбук се „рајски остров“ поради градинките за деца во склоп на фирмите и платеното породилно отсуство во времетрање од четири месеци, бидејќи во САД нема закон кој гарантира право на породилно отсуство. Друга причина за сè поголемата популарност на замрзнувањето јајце-клетки е и фактот што ИТ индустријата, во која воглавно доминираат мажите, сега може да има место каде што жените ќе имаат слобода да ја комбинираат кариерата со приватниот живот.
Но како и да е, што значи тоа кога во планирањето на семејството се вмеша компанијата и кога тоа се одложува за подоцна? Што значи тоа подоцна? Од кога тоа жените не се повеќе атрактивни за такви супер модерни и супер креативни работни места во ИТ индустријата?. Тогаш може мирно да останат дома и да се грижат за своите деца. Веројатно засекогаш!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.