Триесет и едногодишната убавица снимила фотосесија за новата рекламна кампања на „Вондербра“ во Јужна Кореја. Ова не е првпат поранешната сопруга на Орландо Блум да позира за оваа модна марка. Во почетокот на годинава Миранда сними фотосесија, набргу откако потпиша договор кон крајот на февруари. Миранда Кер пристигна во Инчхон овој понеделник.
На аеродромот таа беше пречекана со многу цвеќиња и од голем број обожаватели. Возбудена од топлото добре дојде, Миранда објави слика од букетот на својата веб-страница.
Покрај топлото добре дојде на аеродромот, Миранда се изненади и во хотелската соба, каде што биле поставени перничиња со нејзините иницијали. Во меѓувреме, таа најверојатно ќе стане член на жирито во новата сезона на „Следниот топ-модел на Австралија“ (Australia’s Next Top Model ). Веста не е потврдена, но, според извори во индустријата, убавицата води активни преговори во моментов. Според „Форбс“, за изминатата 2013 година австралиската убавица успела да заработи 7,2 милиони американски долари, надминувајќи ги Кејт Мос, Адријана Лима и Џоан Смолс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.