Многу жени сметаа дека со нив нешто не е во ред затоа што не можат да доживеат вагинален огразам. Меѓутоа, научници твдат дека таков тип на достигнување воопшто и не постои.
Едно ново истражување докажало дека не постои ниту вагинален, ниту клиторисен оргазам, дури ни „Г“ точка.
Наместо тоа, би требало да се користи терминот „женски оргазам“, тврдат авторите на истражувањето.
Претходно се верувало дека жените можат да доживеат оргазам со пенетрација на „Г“ точката и дека доживувањето помеѓу вагиналниот и клиторисниот оргазам има голема разлика.
Меѓутоа, во трудот кој што е објавен во „Клиникал анатоми”, се наведува дека постои само еден вид на оргазам и дека тој нема врска со пенетрација.
Клиторисот е клучот на женскиот оргазам, тврдат истражувачите. Тој е најосетливата зона на женските гениталии и тој обично се нарекува „женски пенис“, затоа што се состои од иста материја како и машкиот полов орган.
Истражувачите тврдат дека сите жени можат да достигнат оргазам, доколку имаат развиени еректилни органи и доколку тие ефикасно се стимулирани.
Женските еректилни органи ги опфаќаат клиторисот, вестибуларната жлезда, која се наоѓа од двете страни на вагиналниот отвор и тенките линии кои ја поврзуваат таа жлезда.
Еден од авторите на ова истражување, д-р Винченцо Пупо, кој себеси се нарекува сексолог, вели „машката ејакулација не значи дека дошло крај на сексуалниот однос за жената. Допирањето и бакнувањето можат да продолжат и понатаму, затоа што сексуалниот однос кој не вклучува пенетрација може да ја доведе жената до оргазам“.
Инаку американски истражувачи откриле дека од големината на клиторисот зависи способноста на жената да доживее оргазам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст