Кеба доживеал бројни непријатности поради Жељко Јоксимовиќ. Имено, фолкерот ќе го имитира неговиот колега во следното издание на шоуто. На Кеба воопшто не му било лесно да се претвори во Јоксимовиќ. Иако важи за личност која води грижа за својот изглед, редовно оди на козметичар, ги кубе веѓите и секогаш со себе носи огледалце, сега се соочи со поголемо средување. Не можеше да избегне ниту депилација на градите, ниту шминкање. За да изгледа како Јоксимовиќ, тој на лицето добил еден „тон“ пудра, бидејќи е добро познато дека тој не излегува од дома додека не го истонира тенот.
– Кога го прифатив предизвикот да го имитирам Жељко, размислив да испијам кутија „бромазепам“. По втор пат во животот ги избричив брковите, а падна и депилација. Ме шминкаа и ми правеа фризура час и половина. И двајцата сме темпераментни, а слични сме на душа, но тој е многу побавен од мене. Не е лесно да се излезе од сопствената кожа. Жељко е емотивен, романтичен и темпераментен, а тоа не го покажува со гестикулации, за разлика од мене, јас сум погруб и енергичен во своите движења. Кај мене едно движење трае три секунди, а кај него десет. Што се однесува на пеењето, свесно отидов на сопствена интерпретација, но малку да потсетува на Жељко – вели Кеба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.