Кина и Русија потпишаа меморандум за проектот – воз со голема брзина на релација Пекинг – Москва, кој би ја заменил транссибирската железница и ќе го скрати патот меѓу двете престолнини од шест на два дена, пренесуваат денеска кинеските медиуми.
Предложената пруга ќе биде долга повеќе од 7.000 километри и ќе поминува низ Казан, главниот гра на Тартастан, 800 километри источно од Москва, пренесува кинеската државна телевизија.
Буџетот за реализација на брзиот воз е проценет на 230 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.