Актерот Нил Патрик Харис речиси пред осум години јавно призна дека е геј. Обожавателите најмногу го засакаа во улогата на симпатичниот Барни од серијата „Како ја запознав мајка ви“.
Глумецот сега открива дека сфатил оти е геј откако се бакнал со глумецот Берт Рејнолдс.
Во своите мемоари „Сами ја избирате автобиографијата“ раскажува за својот долг пат до прафаќање на самиот себеси, а, всушност, тоа сознание било најубавата и најважната компонента запознавајќи се себе.
– Сите мислат дека таа приказна е многу смешна, дека ме бакнал Берт Рејнолдс и така сум сфатил дека тоа ми се допаѓа – признава глумецот.
Харис признал дека е хомосексуалец уште во 2006 година, а сега е во среќен брак со Дејвид Бертка со кого се запознал во 2003 година. Тие со помош на сурогат-мајка ги имаат близнаците Гидеон и Харпер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.