| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје се разбуди во магла

maglaПеток нема да донесе некое „еднозначно“ време. Умерена облачност со сончеви периоди, во секој случај подолги, за разлика од четврток, и мала веројатност за повремен и релативно слаб дожд. Но, таа веројатност за дожд ќе постои само во северните краишта од земјава и тоа тие што се во близина на планинските региони околу Шара и Осогово. Ќе дува претежно слаб ветер, генерално со преовладувачка западна компонента на струење.

Дневниот максимум на температурата на воздухот, според метеопро.мк,  ќе достигне вредност 23 Целзиусови степени во северната половина на земјата. Нешто потопло ќе биде на југозапад – до 24°С. Југоисточниот регион очекува максимална температура до 26 Целзиусови степени.

Во скопскиот регион се очекува магливо утро, а потоа променливо време со сончеви периоди. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност 24 Целзиусови степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top