| четврток, 6 декември 2018 |

Руските „Ноќни волци“ на Гитаријада

Најмоќната светска мотосила, руските „Ноќни волци“ ќе станат заштитници на градот Зајечар. Првиот човек на градот Саша Мирковиќ и лидерот на популарните „Ноќни волци“, Александар Залдастанов Хирург, се договориле во Белград тие да бидат специјални гости на 49. Гитаријада.

– Александар Залдастанов кого го сметаат за трет човек во Русија, е еден од најдобрите пријатели на претседатлот, смета дека поддршката за Зајечар е нешто најголемо што ќе им се случи во 2015 година – вели претседателот на општината.

– Минатата година на „Ноќните волци“ им беа дадени клучови од Зајечар, а оваа година официјално ги поканивме на 49. Гитаријада – изјави Саша Мирковиќ.

sasa-mirkovic-nocni-vukovi-foto-tv-best-telegraf-1413460444-581804

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top