| четврток, 6 декември 2018 |

Евростат: Еврозоната во рецесија

euro-money-e1338822709615Економијата на еврозоната бележи пад за 0,6 проценти во последното тримесечје од 2012 година во споредба со третиот квартал кога „ослаби“ за 0,1 процент, се вели во соопштение на Евростат. Економијата на Европската унија во тој период бележи пад за 0,5 проценти, по малиот пораст од 0,1 процент во третиот квартал. Во споредба со последниот квартал во 2011 година, економијата е намалена за 0,9 проценти, а ЕУ за 0,6 проценти. Економијата на еврозоната, според Евростат, во целата 2012 година „потонала“ за 0,6 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top