Прекинот на доставување гас во наредните шест месеци ќе има тешки последици за Европската унија, пренесува РИА Новости. Европската комисија објави извештај во кој се претпоставува дека при евентуалното стопирање на испораката на сино гориво оваа есен и зима во Финска, Естонија, како и во Босна и Херцеговина, Македонија и Србија, кои не се членки на Унијата, ќе имаат дефицит од гас до 60 проценти.
За да се избегнат негативните последици, Брисел им препорача на 28-те земји-членки, и на другите земји кои сакаат да станат членки на ЕУ, да ја прошират соработката во областа на енергетиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.